13 сепAdagio

Adaggio for strings е класично дело на Албиниони кое доживеа неколку   обработки.

  Јас го отпеав вака:

 

11 авгКрусејдерс

Не знам колку ги знаете, ама оваа песна остави длабока трага во моето разбирање на музиката.    Сите добри работи ретко ги слушам,не знам, веројатно за да не ги потрошам.

   Ова е еден од ретките моменти резеревирани за нив. Продукцијата и после толку години звучи одлично. Басистот ми е фејворит.

 

17 јулЗатвор!

   Не знам како е во светот, ама кај нас да си знаете. Ако имате неплатена казна а сакате да одите во странство, нејверојатно ќе ве уапсат на граница. Мене пошто сум тaлент ме уапсија и со ПЛАТЕНА казна. 

     Мојата вина е што не сум отишол во  сите судови со копија од уплатницата, затоа што во  Државно Обвинителство (на кое што гласи казната) имав однесено примерок, но телеграма до сите гранични премини за мое приведување испратиле од Општински 1.

    Полицајците беа учтиви и само си ја вршеа работата. Викнаа комбе за да ме носат во Скопје а судот да издаде налог за 11 дена затвор. Веројатно сватија дека е грешка кога слушнаа како на памет му објаснувам на комшијата кој имаше клуч од дома како да "гледам" дека "уплатницата е во втората фиока во розов плик, дека сумата е 12400 ден. дека бројот на предметот е 559/06…"

    Не можам да прифатам дека за секој нареден чекор кој требаше да го превземат институциите, јас морав да правам три. Морав да се јавувам на луѓе за судијката (која и се чудела на уплатницата пола саат додека комшијата чекал во ходник) да крене слушалка и да јави во полиција дека судот не ме бара повеќе.  Потоа морав да се јавувам за полицајката Бети да напише телеграма со кој се поништува претходната потерница. Таа ја напиша, но началникот морал лично да ја потпише. Тој нормално е на состанок, па откако дознавме кој е човекот и дека го познавам му се јавија луѓе над него, за конечно да станам слободен граѓанин. 

   Разбирам дека се греши, дека некоја тетка заборавила да заведе некој документ, дека некој имал лош  ден…Не можам да прифатам дека и кога сватија дека е нивна грешка, уживаа да ја кочат работата.

     Затоа за правна држава ќе збориме само кога судот, врз основа на моја тужба ќе пресуди против "судот"  кој на недолжен граѓанин му го ускратил правото на движење.

 Апсурдно, ама ќе пробаме.

HandCups2.jpg

28 јунСтинг на мој начин

  

       Песнава ептен ми се допаѓа, па морав да си ја препеам.

       Еве ја мојата верзија на "The shape of my heart"

 

     

11 февБартимеј vs Ватикан

 

    Ватикан конечно ја закопа секирата со Чарлс Дарвин, јавно признавајќи дека неговата теорија не требало да биде отфрлена, бидејќи е во потполна компатибилност со христијанското гледиште на создавањето на светот.

http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=829A43E94294854898B9FE813B9EA2D3

 

  Можеби Ватикан ќе се помири со Дарвин, но ќе си ја навлече бељата со Бартимеј. 

     Не мислам на оној слепецот кој што прогледал затоа што го спасила верата во Исус, туку овој нашиов слепец, кој што тешко дека ќе отвори очи. Највеќе што може да отвори е  "анти- дарвинистичка" црква и да се прогласи за светец.

 

 

30 јанРелаксирано..

 Снимено е во живо во Скопје.

Мислам дека звучи сосема пристојно.

23 јанКој ќе биде шутракот?

 Ајде више, нокти изгризав чекајќи да видам кој ќе биде шутракот кој што ќе прифати да им биде кандидат на СДС, кога се знае дека нема да влезе во вториот круг.

     Се збори дека ќе го подржат Љубе Бошкоски, само за да наштетат на кандидатот на ВМРО.  Кое лицемерие.

 Ај нека излезе и нека се кандидира било кој.  Рада, Бучко, Шема (навивам за него), Макрадули… било кој. 

  Нема више забава во државава.

 

 

15 јанКој коси, кој вода носи.

  Господинот Срѓан Керим веднаш покажа дека е дипломат со искуство кој ги разбира работите.

  Само што излезе гласноговорникот на СДС- Зоран Заев, за да го поддржи Керим како "натпартиски кандидат", прозваниот Керим, изјави дека ќе разговара со највиските структури на СДС и отиде кај Б.Ц  

  Знае дека Заев само чита што му диктирал шефот.  

 Што се однесува до поддршката од СДС, се знае дека тоа го изјавија откако разбраа дека кандидатот на ВМРО е Ѓорѓе Иванов. Сега на ред е "ете ние сакавме да имаме натпартиски претседател, а овие не сакаат и затоа или ќе ги бојкотираме изборите или НИЕ ќе го предложиме Керим" 

    Може и Бранко да се "самопредложи" иако се сомневам дека ќе ми го пружи задоволството да се избламира.

  А баш би сакал да го видам како кандидат за да ја "спаси" Македонија.

 

 

Срѓан Ќерим.jpgCrvenkovski.jpg

17 ноеГрција на суд

  Македонската влада конечно излезе со соопштение дека ќе ја тужи Грција пред меѓународниот суд на правдата за непочитување на времената спогодба според која Грција не смее да ја попречува ФИРОМ при приемот во евроатланските асоцијации.

     Претседателот Црвенковски бил изненаден од оваа информација и сега очекувам да ја искара владата затоа што тоа не е во корист на Грција 

02 ноеМелита- нови моменти

  Мелита Ракичевиќ ќе биде во центарот на вниманието уште некое време иако таа вели дека е премногу популарна и има многу обожаватели.

  Вечер објави интервју на "тепачката" Јулија и  слики од нејзината свадба  каде се гледа дека Мелита била пријателка со неа и со нејзиниот сопруг и дека се познаваат дваесет години.

    Народот ќе има за што да трачари со кафе уште некој ден.

 

melita.jpg